Трик кој секој треба да го знае: Еве како да препознаете дали маслиновото масло е КВАЛИТЕТНО и ЧИСТО

Честопати се двоумиме дали маслиновото масло што ќе го ставиме во корпата е квалитетно, но има еден трик кој ќе ни помогне во иднина
Трик кој секој треба да го знае: Еве како да препознаете дали маслиновото масло е КВАЛИТЕТНО и ЧИСТО




Иако сите шишиња маслиново масло изгледаат исто и ќе верувате што пишува на етикетата, експертот за интегративна исхрана д-р Кортни Свон вели дека брендовите на маслиново масло купени во продавница не се ни приближно исти квалитетни и дека дури 75 до 80 проценти од производите на полиците на продавниците немаат никаква врска со тоа што е напишано на нив.




– Дури и на шишето масло да пишува дека е 100 проценти маслиново масло, не мора да биде така бидејќи производителите и трговците често додаваат масло од соја, масло од канола и сончогледово масло во маслиновото масло за да заштедат пари – вели експерт, како што пренесува 24седам.




Како ќе знаете дали чистото маслиново масло е навистина чисто?
– Карактеристични се две работи. Кога ќе го истурите треба да има многу темно зелена боја, а кога ќе го вкусите вкусот да биде исклучително остар – наведува тој.




Иако е сè уште важно на шишето да пишува „100 проценти маслиново масло“, додава таа, не треба да го прифаќате зборот на секоја марка, па затоа е добро да направите дополнително истражување пред да купите.




– Доброто маслиново масло не само што го подобрува вкусот на храната, туку може да го подобри и здравјето со текот на годините, бидејќи е полно со здрави масти, антиоксиданси и витамини и е значително помалку преработено од многу други – заклучи таа.