ОВА Е НАЈДОБРИОТ РЕЦЕПТ ЗА КИФЛИЧКИ: ЌЕ БИДАТ МЕКИ 2 ДЕНА ПОРАДИ 1 СОСТОЈКА

ОВА Е НАЈДОБРИОТ РЕЦЕПТ ЗА КИФЛИЧКИ: ЌЕ БИДАТ МЕКИ 2 ДЕНА ПОРАДИ 1 СОСТОЈКА




Овие кифлички можете да ги направите и солени и слатки, во зависност од тоа за што сте расположени.




Кифличките од ова тесто ќе бидат меки и вкусни без разлика дали ги наполните со пршута, сирење, кулен, џем… или ги оставите празни. Дополнителна предност е што остануваат меки долго време, па можете да ги подготвите претходната вечер и да ги јадете за појадок.




Состојки:
Тесто:
- 450-500 гр брашно
- половина коцка свеж квасец
- 1 дл млако млеко
- 1 dl кисела вода на собна температура
- 1 dl масло
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажичка сол
Полнење:
сирење, шунка, кулен, џем (по избор)




За премачкување:
жолчки од јајце и сусам




Подготовка:
Измешајте млеко и павлака , а потоа додадете квасец и шеќер. Оставете да отстои 5 минути, па полека додадете ги останатите состојки и замесете тесто . Оставете го тестото да стаса половина час.




Потоа виткајте го до цм дебелина и поделете го на триаголници. На секој триаголник се става саканиот фил и се витка во ролат. Се става на плех, се премачкува со жолчка и се посипува со сусам. Се пече во загреана рерна на 220 степени 10-15 минути.