СТАРИНСКИ ВАНИЛИЦИ: Ронливи, вкусно задоволство, во уста се топат РЕЦЕПТ со џем

СТАРИНСКИ ВАНИЛИЦИ: Ронливи, вкусно задоволство, во уста се топат РЕЦЕПТ со џем




Состојки:
- 500 гр брашно
- 250 гр маргарин
- 4 варени жолчки
- 1 јајце
- 150 гр шеќер во прав
- Половина лажичка прашок за пециво
- 1 ванилин шеќер
- Џем за фил
- Шеќер во прав за посипување




Подготовка:
Изгмечете ги варените жолчки. Додадете јајце, ванилин шеќер и шеќер во прав и измешајте. Додадете омекнат маргарин.




Измешајте го брашното со прашокот за пециво, постепено додавајте го во смесата и замесете тесто.




Расукајте го тестото до дебелина од половина сантиметар. Исечете го тестото со калап за ванила. Ванилиците се ставаат во плех на хартија за печење и се печат на 180 степени околу 7 минути.




Изладените слатки соединете ги со џем и валкајте во шеќер во прав.