СТАР РЕЦЕПТ ЗА ВКУСНИ ПОГАЧИЦИ СО ЏЕМ: Најмеките и најубавите погачици на светот!

СТАР РЕЦЕПТ ЗА ВКУСНИ ПОГАЧИЦИ СО ЏЕМ: Најмеките и најубавите погачици на светот!

Состојки:

    • 50 даг брашно
    • 1 коцка свеж квасец
    • 1 јајце
    • 2 жолчки
    • 3 лажици шеќер
    • 3 дл млеко
    • 1/2 лажичка сол

</ul

Фил:
што е можно погуст џем од сливи, кајсии или што сакате шеќер во прав за посипување,10 лажици стопен путер

Подготовка: Растворете го квасецот во топло млеко со малку шеќер и брашно, кога квасецот ќе се пени додадете го во брашното во кое претходно ги додадовме другите состојки. Добро измешајте додека тестото не стане мазно и еластично, а на допир малку помеко.

Откако ќе нарасне тестото, треба да се расука на набрашнета даска. Исечете парчиња широк околу два прста, одвојте ги и наполнете ги со џем (не штедете!).

Добро е да користите што е можно погуст џем за да не истекува при печењето, или да не ви тече низ прстите при јадење.

Расукајте го тестото за да формирате кнедли. Потопете ги во растопен путер и ставете ги една до друга во плехот за печење. Не треба да се редат многу густо бидејќи кога ќе се испечат нема да имаат убава форма.

Кога ќе завршите, оставете уште петнаесет минути да нарасне уште малку и печете 25-30 минути на 200 °C. Кога ќе бидат готови лепчињата, оставете ги да се изладат десетина минути, а потоа извадете ги од тавата и посипете ги со шеќер во прав. Внимавајте со првите залаци за да не се изгорите на врелиот џем.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *