ПИВАРКИ:Стар БАБИН РЕЦЕПТ за слатки кои се топат во уста

ПИВАРКИ:Стар БАБИН РЕЦЕПТ за слатки кои се топат во уста




Ова се највкусните посни колачи, многу едноставни, а пивото им дава ровкост и фина арома… Се приготвуваат многу лесно и не можете да ги погрешите.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 1 шолја од 200 мл пиво
- 2 шолји масло
- Брашно по потреба (околу 500-600г)
- 1 прашок за печиво




ЗА ШЕРБЕТ:
- 2 шолји (250 мл) шеќер
- 1 шолја вода
- Малку лимонов сок
- Мармалада
- Ореви или бадеми
- За валкање: 150 г кокос или мелени ореви




ПОСТАПКА:
Малку брашно ставете на дното од садот. Ставете пиво, масло и малку промешајте со дрвена лажица, па додадете го прашокот за печиво. Додадете уште брашно така да добиете средно меко тесто.




Нека отстои 15 минути, па расукајте кора и со тркалезен калап вадете од тестото.




На секоја пиварка ставете малку мармалад и некоја јатка од орев или бадем, лешник… па затворете од сите страни. Наредете за печење. Се пече на 200 степеним, не премногу долго.




За време на печењето ставете вода и шеќер да зовријат па тргнете на страна.




Печените колачи уште додека се топли (но не и врели) ставете ги во сирупот, завртете ги од едната, па од другата страна. Вадејќи ги од сирупот веднаш валкајте ги во кокос.