ДОКОЛКУ ЗАБЕЛЕЖИТЕ ДЕКА КАФЕТО МИРИСИ ВАКА, ФРЛИ ГО ВЕДНАШ: Тоа е знак дека е РАСИПАНО

ДОКОЛКУ ЗАБЕЛЕЖИТЕ ДЕКА КАФЕТО МИРИСИ ВАКА, ФРЛИ ГО ВЕДНАШ: Тоа е знак дека е РАСИПАНО

Откако ќе го отворите, неговиот рок на траење е од три до максимум пет месеци

Кафето е еден од омилените пијалоци кои се консумираат ширум светот, но она што ни најголемите обожаватели не го знаат е дека може да биде лошо.

Значи, кафето има свој рок на траење, а колку долго зависи од видот на кафето и секако од тоа дали сте го отвориле, но и од тоа каде го чувате.

Неотворено мелено кафе може да трае од три до пет месеци кога се чува на собна температура, па дури и една до две години ако се чува во замрзнувач! Откако ќе го отворите, неговиот рок на траење е од три до максимум пет месеци.

Рок на траење на зрната кафе е шест до девет месеци пред да ги отворите, доколку се чуваат на собна температура, и две до три години во замрзнувач. По отворањето, ова кафе треба да се искористи во рок од шест месеци, а доколку го чувате во замрзнувач, тој рок може да се продолжи до две години.

Инстант кафето има најдолг рок на траење , па во зависност од пакувањето во кое се наоѓа, може да трае од две до 20 години! Поголемиот дел од амбалажата за овој вид кафе има алуминиумски слој, кој спречува влагата или топлината да навлезат во самото кафе, со што се продолжува неговиот рок на траење.

Свежината на ова кафе останува исто толку долго по отворањето, повторно во зависност од пакувањето. Секако, ако добро го затворите, може да трае навистина долго, а вкусот ќе остане непроменет.

Ако, на пример, сте добиле кафе или едноставно сте направиле некои поголеми залихи, експертите советуваат да ги чувате во замрзнувач , за да ја зачувате неговата свежина. И не грижете се, вкусот и мирисот нема да се променат!

Досега можеби сте се запрашале како да препознаете дека кафето е истечено, со оглед на тоа дека не може да се расипе во смисла дека застарува, како и многу други намирници.

Единствениот начин да проверите дали вашето кафе сè уште е добро за употреба е да се потпрете на вашите сетила за мирис и вкус. „Расипано“ кафе повеќе го нема тој убав, препознатлив мирис, а кога ќе го испиете се чувствува вкусот на застоеност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *