Стар Заборавен Рецепт од нашите БАБИ:Направете домашно МАКАЛО од суви пиперки со праз и лукче – Фантастичен вкус!

Стар Заборавен Рецепт од нашите БАБИ:Направете домашно МАКАЛО од суви пиперки со праз и лукче – Фантастичен вкус!
Направете здраво и вкусно макало, одлично како додаток со месо или едноставно може да се консумира како намаз со лепче.




Посно, брзо, домашно и вкусно!
Состојки
- 4 поголеми суви пиперки
- 3-4 чешниња сецкан лук
- 1 страк праз
- 1 мала чаша врела вода
- 3 лажици маслиново масло
- 3 лажици оцет
- сол по вкус
- сецкан магдонос по желба




Подготовка:
Се чистат сувите пиперки од семето и се мијат. Потоа малку потпечете ги пиперките на рингла, а потоа исечкајте ги што е можно поситно.




Се сечка празот на ситни коцкички и во аван со сол се толчи. Додека се толчи постепено се додаваат пиперките и со нив заедно се додава празот и се толчи.




Додадете го исечканиот лук и празот. Додадете ја зовриената вода и оставете да се излади.
Потоа зачинете со сол, масло и оцет. Сето тоа добро промешајте го за да добиете една убава смеса.




Ако сакате, може да се додаде и магдонос.
На здравје.