ПАЛАЧИНКИ ОД ШИШЕ! Нема повеќе валкани садови, ХИТ РЕЦЕПТ

ПАЛАЧИНКИ ОД ШИШЕ! Нема повеќе валкани садови, ХИТ РЕЦЕПТ

Дали сакате палачинки? Реторичко прашање, бидејќи сите сакаат палачинки. Но, никој не сака да мие куп садови.

Еве одличен совет – подгответе тесто за палачинки во шише. Тоа е брзо, лесно и забавно. Нема валкани садови. Па еве го рецептот.

За подготовка на тестото потребни ви се:

  • 2 јајца
  • 10 полни лажици брашно
  • 2 лажици шеќер
  • 1/2 лажичка сол
  • 3 лажици масло
  • 600 мл млеко
  • пластично шише од 1 литар

Подготовка:
Во шишето ставете инка и истурете брашно, шеќер, сол. Протреси. Потоа додадете ги јајцата, маслото и млекото. Значи, прво одат сувите состојки, а потоа течните. Затворете го шишето со капа и добро протресете додека смесата не се изедначи. Многу е погодно да се направи во шише.

Не плашете се, нема да останат грутки ако сè темелно протресете.
Земете тава, истурете малку масло. Содржината од шишето ја истурате во тавата, печете палачинки. Не мора да го користите целото тесто одеднаш. Може да го оставите шишето со смесата во фрижидер и да подготвите свежи палачинки за појадок. Само додадете малку вода или млеко.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *