РАВАНИЈА по рецептот на БАБА МИ: Сите ќе ви побараат РЕПЕТЕ

РАВАНИЈА по рецептот на БАБА МИ: Сите ќе ви побараат РЕПЕТЕ




Подготовката е едноставна и брза, слободно пробајте и споделете го искуството.




Сосотојки:
- 6 јајца
- 6 лажици шеќер
- 1 ванила
- 8 лажици гриз
- 4 лажици брашно
- 1 прашок за печиво
- Корка од еден лимон




Шербет:
- 600 грама шеќер
- 600 ml вода
- сок од еден лимон
Подготовка:




Изматете ги жолчките со шеќерот и ванилата, додајте го измешаното брашно со гризот, прашокот за печиво и изренданата корка од лимон. Изматете ги белките па додајте ги на претходната смеса. Тавчето за печење намачкајте го со путер, посипете го со брашно и во него ставете ја смесата за раванија. Печете на 200 степени 20 минути. Раванијата полејте ја со сварениот шербет. Изладена раванија – топол шербет.




На здравје!