БУГАРСКАТА БАКЛАВА ЈА ПОЛУДИ МАКЕДОНИЈА, ГОТОВА ЗА 10 МИНУТИ: Неодолив вкус поради 1 СОСТОЈКА, се топи во уста!

Нејзиниот вкус е чиста фантазија




Навикнати сме на турска баклава , која има навистина убав вкус и тешко може да се одолее. Сепак, подолу ви пренесуваме рецепт за бугарска баклава кој исто толку ќе ви се допадне, со тоа што подготовката е поедноставна.
ПОТРЕБНО: 2 чаши шеќер 5 чаши вода 3 чаши масло 5 чаши брашно 3 чаши гриз 1 пр. за пециво 100 гр мл. ореви 50 гр суво грозје За сируп: 4 чаши шеќер 6 чаши вода 1 лимон




ПОДГОТОВКА:
Растопете го шеќерот и кога ќе добие боја на карамела, додадете вода и варете додека не се раствори целиот шеќер. Оставете да се излади. Сите останати суви состојки ставете ги во друг сад и прелијте ги со изладената течност.




Сè соединете го, истурете го во сад кој сте го намачкале со масло и го посипавте со брашно, па печете во загреана рерна на 200 степени. околу половина час, т.е. до златно кафеава боја.




За тоа време сварете го сирупот и прелијте го врз испечената баклава. Добро изладете го, исечете го на саканите коцки и послужете.