ДОМАШНИ ВАРЕНИ ГЕВРЕЦИ: Однадвор КРЦКАВИ внатре меки како ДУША готови за ЧАС

ДОМАШНИ ВАРЕНИ ГЕВРЕЦИ: Однадвор КРЦКАВИ внатре меки како ДУША готови за ЧАС




Кој може да одолее на овие крцкави ѓевреки?
Еве како да направите неодоливо пециво …




Состојки:
- 500-600 гр брашно
- 300 мл млака вода
- малку масло
- 30 гр квасец
- 5 лажици шеќер
- сусам
Подготовка:
Растворете го квасецот во вода, додадете шеќер и кога ќе се раствори додадете брашно. Замесете средно тврдо тесто. Кога ќе се изедначи, покријте го да одмори 30 минути.




Расукајте го тестото со дебелина од 1,5 см и извадете поголеми кругови, а потоа со чаша помали. Така добивме исечени ѓевреки. Покријте со фолија.




Во тавче истурете шеќер и карамелизирајте го, па налејте 1 литар вода. Кога ќе зоврие, спуштете ги ѓевреците и варете ги околу 2 минути.




Извадете ги на крпата на која сте го ставиле сусамот. Извадете ги со лажица . Ставете ги на крпа, но треба да се превртат наопаку отколку кога се вареле.




Посипете ги со сусам од сите страни. Наредете во плех во кој сте ставиле хартија за печење.




Вклучете ја рерната на 200 степени и печете околу 30 минути. Ако имате вентилатор, вклучете го да се заруменат убаво. Послужете го топло.