Руски ДОКТОР откри што мора да јадат ЖЕНИТЕ над 40 години: Сите овие намирници се КЛУЧНИ за добро варење

Руски ДОКТОР откри што мора да јадат ЖЕНИТЕ над 40 години: Сите овие намирници се КЛУЧНИ за добро варење.
Еве кои намирници треба да ги јаде секоја жена над 40 години по совет на ендокринолог.

Во периодот над 40 години, телото на жената се соочува со одредени промени, а за да се зачува рамнотежата на хормоните, да се зајакне имунитетот и да се обезбеди здравје воопшто, важно е да се фокусираме на урамнотежена исхрана. Кога во исхраната има намирници кои се богати со одредени хранливи материи кои и се неопходни на жената на таа возраст, ризикот од болести се намалува.

Рускиот ендокринолог Зухра Павлова истакна дека жените над 40 години треба да консумираат најмногу намирници кои помагаат да се спротивстават на воспалителните процеси.
Треба да јадете разновидна храна за здрав микробиом – ова е клучот за доброто варење, а со тоа и за здравјето на гастроинтестиналниот тракт и на целото тело. Барајте разновидност во секоја група на храна.

На пример, се препорачуваат мешунките: грашок, грав, леќа, мунг грав, наут. Житарици – не само ориз или леќата, туку и просо, сорго, пченка, спел, киноа. Млечните производи кои се корисни се киселото млеко, одлично делуваат на организмот во целина, а особено на микробиомот – советуваше докторката.

Докторот по ендокринологија истакна дека жените не треба да ја занемаруваат хранливата вредност на рибата, особено во средните години. Таа предложи конзумирање црвена риба која содржи омега-3 масни киселини, стари сирења, печурки, грејпфрут. Храната богата со омега-3 помага да се промовираат здрави метаболички процеси.

Исто така, зеленото овошје и киселата зелка можат да бидат корисни како извор на антиоксиданси.

Според неа, пожелно е во исхраната да се додадат хељда, јаткасти плодови со висока содржина на магнезиум, никнати житарки и мешунки, кои ефикасно го поттикнуваат процесот на детоксикација на организмот. Од зачините, куркуминот има антиинфламаторно дејство, а витаминот Ц кој го има во агрумите, но и во брокулата, карфиолот и кимчито е моќен антиоксиданс.

Обидете се да ги вклучите наведените намирници во вашата исхрана и со пријатна физичка активност ќе си обезбедите здравје и витка линија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *