ЛИСНАТ ЗЕЛНИК СО СИРЕЊЕ:Прсти да излижеш целиот дом ќе ви мириса,сите ќе ве прашаат за рецепт

ЛИСНАТ ЗЕЛНИК СО СИРЕЊЕ:Прсти да излижеш целиот дом ќе ви мириса,сите ќе ве прашаат за рецепт




Ние во Македонија си имаме повеќе начини на изработка на зелници, но јас одбрав овој пат една полесна варијанта, а превкусна.




Корите на овој зелник излегуваат како лиснати, благодарение на путерот со кој ќе треба да ги премачкате. Фил одберете сами, важно е тестото да го погодите. Тоа треба да биде меко како душа, а сепак да не се лепи за прстите.




Потребни состојки:
- 600-700гр брашно
- 20гр (половина коцка) свеж квасец
- 120 мл зејтин
- 1 супена лажица шеќер
- ½ супена лажица сол
- Околу 350 мл вода
- 200 гр путер за премачкување
- За фил
- 2 страка праз
- 200 гр сирење
- 2 јајца




Подготовка:
Се замесува тесто од горенаведените состојки. Тестото треба да е замесено на меко, затоа постепено додавајте од водата и брашното додека не дојдете до саканата цел.
Откако убаво ќе го изработите поделете го на два дела, еден поголем, друг малку помал. Оставете да одмори 15 минути, покриено со
Земете го едниот дел од тестото и расукајте го во круг. Целата кора намачкајте ја со путер, наросите брашно и исечете ја на делови, па преклопувајте еден дел врз друг.




Повторете го истото и со другиот дел од тестото. Покријте со провидна фолија или крпа и оставете да одмори 30-40 минути, а за тоа време подгответе го филот.




Празот исечкајте го на ситно и потпржете го со малку зејтин, колку да омекне. На страна издробте го сирењето додадете ги јајцата, а откако ќе се олади празот се соединете во една смеса.




Откако тестото ќе надојде, го земате прво поголемиот дел и расукувате повторно во кора, малку поголема од големината на плехот во кој ќе печете бидејќи од неа треба да се направи витката на крајот. Плехот може да го намрсите или да го обложите со хартија за печење. Врз кората ставете од филот.




Расукајте го вториот дел од тестото во кора која ќе ја ставите одозгора. Со неа направете набори.




Направете ја витката и целиот зелник премачкајте го со зејтин, па избоцкајте го со вилушка.




Ставете да се пече во загреана рерна, најпрво на 200С а по 10 минути намалете на 180С. Печете околу 35 минути додека не порумени. Пред да ја исклучите рерната подигнете да проверите дали кората одоздола е печена.




Попрскајте малку со вода, и покријте со крпа 10тина минути.




Исечете на парчиња со големина по желба, земете чаша јогурт или кисело млеко и уживајте.