ЗАМРЗНЕТЕ ЛИМОН ЗА ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ: Еве како и на кој начин да го употребите

ЗАМРЗНЕТЕ ЛИМОН ЗА ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ: Еве како и на кој начин да го употребите




Иако сите ги знаеме придобивките од оваа храна кога е свежа, таа може да се користи во многу различни форми. Нека ве воодушеви моќта на замрзнатиот лимон.




Лимонот е расиплива храна, особено ако се чува на собна температура. Токму поради оваа причина многумина препорачуваат замрзнување на лимони. Ако одлучите да го замрзнете лимонот, прво измијте го во мешавина од оцет и вода.




Потоа исечете го на четвртинки и ставете го на чинија во замрзнувач да се замрзне. Откако ќе се замрзне, префрлете ги лимоните во кесички и вратете ги во замрзнувач.




При замрзнување на лимони, важно е секој дел од лимонот, вклучувајќи ја и кората, да биде употреблив. Имено, кората од лимон содржи и до 10 пати повеќе витамини од самото овошје, пишува порталот rtl.hr.




Покрај четвртини или цели лимони, можете да замрзнете и сок од лимон. Лимонот убаво исцедете го, а сокот истурете го во сад за коцки мраз. Извадете го вака замрзнатиот сок од лимон по потреба и додајте го во лимони или други пијалоци.




Најдобрата опција е лимонот што го замрзнувате добро да го измиете со сода бикарбона. Потоа полузамрзнат со кората се ренда како компир и се јаде како салата со мед или со рендан ѓумбир.




Замрзнете лимон и уверете се во сите придобивки од оваа ледено ладна храна.