РЕЦЕПТ ЗА ПИТА СО ЈАБОЛКА ОД 1894: Тајната е во ФИЛОТ, ќе заборавите на ТРАДИЦИОНАЛНАТА

РЕЦЕПТ ЗА ПИТА СО ЈАБОЛКА ОД 1894: Тајната е во ФИЛОТ, ќе заборавите на ТРАДИЦИОНАЛНАТА

Подгответе ја питата со јаболка по најстариот рецепт. Оваа германска пита порано беше најдобра, но сега луѓето престанаа да ја прават.

Рецептот датира од 1894 година и е толку вкусен и лесен за подготовка што штом еднаш ќе го пробате, секогаш ќе го готвите на овој начин!

Состојки:

  • пита од јаболка
  • 100 гр путер
  • 200 гр шеќер во прав
  • 5 јајца
  • кора од лимон
  • 250 гр брашно

За Фил:

  • 4 јаболка
  • 3 јајца
  • 250 гр кисела павлака
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажичка цимет

    Подготовка:
    Се мати путерот со половина од шеќерот во прав, па постепено се додаваат јајцата. Изматете после секое додавање.

Истурете го остатокот од шеќерот и изматете, па додајте ја кората од лимон и брашното. Соединете со миксер. Истурете во плех обложен со хартија за печење и израмнете. Јаболката исчистете ги и исечкајте ги на кришки, па наредете ги на тестото.

Се матат павлаката со јајцата, шеќерот и циметот. Прелијте ги јаболката. Се пече на 180°C околу 35 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *