Денеска е Свети маченик Нестор:ДЕНОТ кога се исполнуваат сите ЖЕЛБИ

Денеска е Свети маченик Нестор:ДЕНОТ кога се исполнуваат сите ЖЕЛБИ

Православната црква го празнува денот на Светиот маченик Нестор, кој бил ученик на Свети Димитриј, чиј ден се славеше вчера.

Според преданијата, на сите оние кои денеска искрено ќе се помолат на Свети Нестор ќе им биде исполнета секоја желба.

Ова момче живееше во Солун во времето на страдањата на свети Димитриј. Од него и се научи на Христовата вера.

Во тоа време во Солун имаше некој гладијатор Лиј, миленик на цезарот Максимијан, кој секој ден повикуваше некого на мегдан и откако ќе го победеше во борење, го фрлаше да се надене на исправени копја. Сето тоа ги веселеше грубите римски нарави.

Не можејќи да го гледа тоа повеќе, младиот Нестор го предизвика Лиј и, откако јавно го повика на помош Богот на Димитриј, го победи. Лиј заврши врз истите копја на кои секојдневно наденуваше по некого.

Цезарот многу се разгневи и нареди на Нестор да му ја отсечат главата, а Димитриј да го избодат со копја. Свети Нестор пострада, заедно со свети Димитриј, во 306 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *