ПОЗНАТ ГОВАЧ ЈА ОТКРИ ТАЈНАТА СОСТОЈКА ЗА ПЕЧЕНИ КОМПИРИ: Домаќинки, кога ќе го додадете ова, ќе бидат уште ПОКРЦКАВИ

ПОЗНАТ ГОВАЧ ЈА ОТКРИ ТАЈНАТА СОСТОЈКА ЗА ПЕЧЕНИ КОМПИРИ: Домаќинки, кога ќе го додадете ова, ќе бидат уште ПОКРЦКАВИ

Ако сакате да ги направите највкусните печени компири досега, тогаш мора да ги направите со овој генијален рецепт од грчкиот готвач Акис Петрецикис.

А во рецептот има и една тајна состојка на која веројатно никогаш не сте помислиле при подготовката на компирите.
Состојки:

  • 1 кг компири
  • два лимони
  • 1,5 литри вода
  • 2 лажици оригано или мајчина душица
  • 2 чешниња лук
  • 75 мл маслиново масло
  • 3 лажици гриз (ова е тајната состојка!)
  • сол, бибер, црвен пипер во прав

Како се подготвува?
Компирите се лупат и се сечат на четири дела (во зависност од големината, доколку се помали, можете и да ги исечете на половина). Сечете на секое исечено парче компир за да се зготви подобро и да изгледа подобро.

Во тенџере ставете компири, исцедете два лимони, додадете малку рендана кора од лимон што добро сте ја измиле, додадете 1,5 литар вода и варете. Кога ќе зоврие, варете уште 10 минути.

Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени и во неа ставете празен сад за печење.

По 10 минути, процедете ги компирите и оставете ги малку да се изладат (5 минути) во посебен сад .

Во садот со компирите додадете маслиново масло, оригано (или мајчина душица), сечкан лук, мелена пиперка, сол, бибер и гриз. Измешајте сè добро и ставете го на топол сад за печење.

Се пече половина час до 40 минути, а на секои 10 минути вртете ги компирите за да добиете крцкава кора од двете страни. И тоа е тоа! Овој генијален прилог можете да го послужите со вашето омилено месо или да го јадете како таков.

Пријатно!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *