Многу луѓе го имаат ова „СВЕТО РАСТЕНИЈЕ“ дома, но не знаат колку е ЛЕКОВИТО – Го регулира притисокот, ги чисти крвните садови

Многу луѓе го имаат ова „СВЕТО РАСТЕНИЈЕ“ дома, но не знаат колку е ЛЕКОВИТО – Го регулира притисокот, ги чисти крвните садови

Босилекот во многу култури и традиции се нарекува свето растение, а се користи и при крштевки, свадби, верски церемонии и осветување на вода. Мирисот на босилек опушта и смирува, па се смета дека овој зелен дар на природата се поврзува со духовноста. Најпрво босилекот е природен лек кој се користи како средство за превенција и ублажување на одредени тегоби, како и за намалување на крвниот притисок.

Во кујната тој е еден од најчестите зачини кој на многу јадења им дава посебна арома, а во служба на здравјето е адаптоген – растение кое му помага на нашиот организам да се справи со секојдневниот стрес. При конзумирање босилек телото ни станува посмирено, посталожено и полесно се справуваме со стресот што поволно влијае на регулацијата на хипертензијата.

Босилекот е исклучително популарен во алтернативната медицина бидејќи е богат со еугенол, растителен антиоксиданс за кој истражувањата покажуваат дека може да помогне во намалувањето на крвниот притисок. А студиите на животни покажаа дека екстрактите од слаткиот босилек помагаат во опуштање на крвните садови и разредување на крвта, што пак помага во намалување на крвниот притисок.

Како да се консумира босилек?
За намалување на притисокот, важно е да се земе терапијата што ви ја препишал лекарот, а босилекот во консултација со лекарот може да биде природен помошник во борбата против хипертензијата. Можете да го земете со јадење неколку листови свеж босилек наутро на празен стомак за да ги искористите сите придобивки од оваа моќна билка. Во лимонадата можете да додадете и листови босилек.

Класичниот чај од босилек се приготвува со истурање на зовриена вода врз листовите босилек, никогаш со нивно варење за да се зачуваат важните соединенија во растението.

Но, за да помогнете со стресот и крвниот притисок, можете да подготвите вкусна лимонада со босилек . Научна статија објавена во „Journal of Ayurveda and Integrative Medicine“ забележува дека лимонадата со босилек помага против метаболички стрес, го балансира нивото на гликоза во крвта, липидите и крвниот притисок и има позитивни ефекти за намалување на стресот.

Како да направите лимонада од босилек?
Загрејте 300 мл вода додека не зоврие, но не и врие. Потоа во водата ставете три листови свеж босилек и исечканата кора од органски лимон, долга околу 5 см.

Измешајте, оставете да отстои околу 15 минути и испијте. Напитокот можете да го пиете кога целосно ќе се олади. За попријатен вкус додадете малку мед.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *