Палачинки, шунка и сирење:СОЛЕНА ТОРТА КАДЕ СЕКОЈ ЗАЛАК СЕ ТОПИ ВО УСТА

Палачинки, шунка и сирење:СОЛЕНА ТОРТА КАДЕ СЕКОЈ ЗАЛАК СЕ ТОПИ ВО УСТА

Доколку сакате да ги изненадите вашите домашни, ние го имаме вистинското задоволство за вас.

Зошто да не направите солена торта со шунка, палачинки и сирење.

Додадете кулен и состојки по избор и добивате супер вкусно јадење.

На крајот на краиштата, пробајте го и уверете се сами!

Состојки:

  • печени палачинки
  • кружен плех
  • 100 гр меко сирење
  • 100 гр шунка
  • 50 гр кулен
  • 3 лажици сечкани маслинки 1-2
  • јајца
  • 20 гр рендано сирење

За Фил:

  • 200 мл јогурт
  • 1 лажица меко сирење
  • 1 јајце
  • малку рендано сирење

Подготовка:
На дното од тавата посипете рендано сирење и малку сечкана кулена. Покријте со една палачинка одозгора.

Во сад се ставаат сирењето, јајцето, сечканата шунка, сечканиот кулен и маслинките, малку рендано сирење и се се меша.

Во палачинката се става полна лажица фил, се виткаат рабовите од страните и се витка широко и се редат во тавчето.

Во сад сипете јогурт, скршете го и изматете го јајцето, додадете малку кашкавал и рендано сирење.

Сè убаво измешајте и прелијте ги со палачинките. Одозгора посипете малку рендано сирење.

Се пече на 200 степени околу 35 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *