НИКОГАШ НЕ СТЕ ПОДГОТВУВАЛЕ ВАКА ПОЛНЕТА БАКЛАВА: Веднаш ќе заборавите на ТРАДИЦИОНАЛНАТА кога ќе видите колку е СОЧНА

НИКОГАШ НЕ СТЕ ПОДГОТВУВАЛЕ ВАКА ПОЛНЕТА БАКЛАВА: Веднаш ќе заборавите на ТРАДИЦИОНАЛНАТА кога ќе видите колку е СОЧНА




Но, како што се менуваат времињата, така се менуваат и рецептите за традиционални јадења, а во баклавата се повеќе се додаваат сладолед и ф’стаци.




Баклавата е вид на многу сладок десерт со потекло од Турција. Но, домаќинките од нашите простори толку се умешија во правењето баклава што речиси и да нема разлика во вкусот.Кога станува збор за традиционалната баклава, таа се прави од кори, ореви, цимет, вода, шеќер и сок од лимон и многу лесно се подготвува.




Но, како што се менуваат времињата, така се менуваат и рецептите за традиционални јадења , а во баклавата се повеќе се додаваат сладолед и ф’стаци .Со оглед на тоа дека сезоната на празнување започна, Телеграф ви подготви рецепт за баклава со лешници и крем, а веруваме дека вкусот ќе ве собори од нога.




Состојки:
- 500 гр тенки готови кори
- 200 гр путер
- 400 гр крем
- 200 гр печени лешници
- 100 гр мед
- масло за подмачкување
- состојки за сируп:
- 3/4 чаша шеќер
- 2,5 dl вода
- Сок од лимон
Подготовка:
Во мало тенџере измешајте ги шеќерот, медот и водата и оставете да зоврие. Потоа додадете сок од лимон, намалете ја температурата и оставете го сирупот да се крчка уште десетина минути.




После тоа, оставете го сирупот да се излади.
Растопете го путерот, но внимавајте да не зоврие.Подмачкајте го плехот во кој ќе печете, па почнете да ја редите кората. Секоја кора премачкајте ја со растопен путер.




Наредете пет кори, па последната премачкајте ја со крем и посипете со лешници. Повторете ја постапката додека не ви снема материјал.Кога ќе завршите со слоевитоста, со остар нож исечете ја баклавата на ромбови или триаголници, по ваша желба.Покријте сè со преостанатиот путер.




Баклавата се пече во загреана рерна на 180 степени 40 минути.Кога е готов, оставете го да се излади десетина минути, а потоа прелијте го со изладениот сируп.Кога целосно ќе се излади, баклавата е подготвена за сервирање.
Пријатно!