Старо морничаво верување: Ако сонувавте дека УМИРАТЕ, еве што значи тоа и какви промени ве очекуваат

Старо морничаво верување: Ако сонувавте дека УМИРАТЕ, еве што значи тоа и какви промени ве очекуваат
Експерт за толкување на соништата открива што ви кажува вашата потсвест

Соништата за смрт се доста чести, особено кога се соочувате со реални животни проблеми во вашиот живот.
Многу психолози веруваат дека соништата за умирање значат дека сте на голема раскрсница во вашиот живот кога треба да донесете важни одлуки.

Од друга страна, постојат народни верувања за ваквите соништа кои упатуваат на некои промени во вашиот живот.
Лори Квин Ловенберг, авторка и експерт за толкување на соништата, открива што всушност ни кажува нашата потсвест.

Сонувавте:
Сопствениот погреб
Ова не е крај на вашиот живот, не грижете се, ова е само крај на една фаза од вашиот живот – објаснува Ловенберг.

Дека си умрел со насилна смрт
Насилното се толкува со спротивно значење – има промена во вашиот живот на која се спротивставувате, или што ве плаши.

Дека некој твој близок те убива
Ако се работи за член на вашето семејство или пријател, тоа значи дека ве убедуваат да прифатите некои промени во вашиот живот. Треба да се присилите да се откажете од пушењето или да ставите крај на пријателството? Смртта од рацете на саканата личност значи дека тие ве охрабруваат да направите промени на кои ќе се спротивставите.

Знаеш дека ќе умреш, но не можеш да избегаш
Oва е поврзано со промената за која знаете и која мора да се случи. Сонот ве подготвува за неизбежното.

Ако се разбудите секунда пред да умрете во сон
На работ сте на промена која мора да се случи, но се уште не е материјализирана во реалниот живот. Ненадејното будење може да биде и психолошки одговор на стравот од смрт.

Смрт на дете
Најстрашниот сон од сите. Тоа значи дека вашето дете достигна важна фаза во неговиот живот. На овој начин родителите низ тага во сон сфаќаат дека нивното дете расте, а времето едноставно лета.

Смрт на вашиот партнер
Си поставуваш цела низа прашања: што се случува со нив, дали ја изгубиле работата, дали ослабеле, зошто повеќе не се гледаме, дали моите чувства се сменија.

Смрт на пријател
Најверојатниот показател дека односот со вашиот пријател се менува. Но, ако во реалноста нема промени во врската, тогаш овој сон значи нешто друго. Пријателот претставува дел од вашата личност. Кои заеднички карактеристики ги делиме? Дали сте депресивни и ви е тешко да најдете среќа? Дали ви треба некој да ве охрабри?.

Да убиеш некого во сон
Убиството значи дека сте во процес на некаква промена во вашиот живот. Ако се обидете да се откажете од алкохолот, да започнете диета или да ја промените работата, буквално „убивате“ дел од вашиот живот и му ставате крај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *