СТАРИНСКА ПОГАЧА ИЛИ СЕЧЕНИЦА:Сите ја сакаат поради нејзиниот вкус и мирис

СТАРИНСКА ПОГАЧА ИЛИ СЕЧЕНИЦА:Сите ја сакаат поради нејзиниот вкус и мирис

Лисната погача со сирење прва се разграбува од масата зошто сите ја сакаат поради посебниот вкус, мирис и мекост.

Потребни состојки:

  • 550-600 г брашно
  • 200 мл млака вода
  • 20 г свеж квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 5 лажици масло (50 мл)
  • 2 јајца
  • 1 полна лажичка сол (зависи од сирењето, по вкус)
  • 100 г маргарин
  • 250 г тврдо сирење
  • јогурт за премачкување и сусам за наросување

Постапка: Во подлабок сад ставете 200 мл млака вода, 20 г свеж квасец, 1 лажичка шеќер и малку брашно. Промешајте за да се соединат состојките, па оставете на топло 10-тина минути за да се активира квасецот.

Во активираниот квасец додадете две јајца, 50 мл масло, 1 лажичка сол или во зависност од сирењето (ако не е доволно, додадете уште половина лажичка сол).

Промешајте додека да се изедначат состојките, а потоа постепено започнете со додавање на 550-600 г брашно. На почетокот мешајте со лажица, а потоа замесете го тесто со рака додека престане да се лепи. Замесеното тесто оставете го покриено да одмори 10-15 минути.

Растопете 100 г маргарин, а 250 г тврдо сирење издробете го ситно. После 10-15 минути тестото поделете го на 10-12 топчиња. Секое топче развлечете го во кора со величина на чинија, намастете ја со растопениот путер и наросете ја со сирење.

Врз неа ставете нова кора и повторете ја постапката. Секојпат кога ја додавате новата кора малку притиснете ги краевите, а потоа и целата погача. На тој начин погачата малку ја развлекувате. Последната кора не ја премачкувате.

Намастете со маргарин тепсија бр.32-34 па префрлете ја погачата во неа и уште малку развлечете ја со тапкање со помош на дланките. Исечете ја на коцки или триаголници. Покријте ја и оставете ја да одмори 15 минути.

Потоа премачкајте ја со јогурт и одозгора наросете ја со сусам. Печете ја околу половина час во загреана рерна на 200 степени додека убаво да зарумени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *