Овие НАВИКИ се главниот виновник: Еве зошто не можете да ОСЛАБЕТЕ

Тоа може да биде фрустрирачки
Овие НАВИКИ се главниот виновник: Еве зошто не можете да ОСЛАБЕТЕ

Во продолжение дознајте дали некои од овие лоши навики се вашата секојдневна рутина.
ГИ ПРЕСКОКНУВАТЕ ОБРОЦИТЕ
Прескокнувањето оброци може да го шокира метаболизмот предизвикувајќи несакани последици. Колку е подолга паузата помеѓу оброците, толку повеќе во телото почнуваат да се одвиваат различни процеси со кои телото го компензира недостатокот на храна. Имено, почнува да штеди калории за дождливите денови. Кога конечно ќе изедете нешто после долго време, телото ќе се сети дека долго време е без храна, па затоа ќе почне да складира повеќе калории како мерка на претпазливост. Токму тоа доведува до забавување на метаболизмот. Најважно е да не го прескокнувате појадокот и да го започнете денот со здрав и обилен оброк.

НЕ КОНСУМИРАТЕ ДОВОЛНО ПРОБИОТИКИ
Веројатно сте слушнале многу реклами за пробиотици или производи кои содржат бактерии за да промовираат подобра функција на дигестивниот тракт. Воведувањето на пробиотиците во исхраната е важно бидејќи тие придонесуваат за работата на цревата, односно преку нив внесувате добри бактерии кои го забрзуваат метаболизмот и го неутрализираат ефектот на лошите бактерии чие присуство во цревната флора всушност доведува до запек.

НЕРЕДОВЕН СОН
Недостатокот на сон има големо влијание врз дигестивните процеси. Лошиот сон го успорува вашиот метаболизам, што може да направи да се чувствувате слабо и тромо, а тоа ќе влијае на вашата тежина. Кога малку спиеме, доаѓа до нарушување на работата на хормонот кортизол, кој почнува да го храни вишокот маснотии во телото. Затоа е многу важно секој ден да спиете од 7 до 8 часа.

НЕ ЈАДЕТЕ ХРАНА БОГАТА СО ОМЕГА 3 МАСНИ КИСЕЛИНИ
Групата намирници која содржи омега 3 масни киселини го поттикнува лачењето на лептин – хормон кој има најголемо влијание на метаболичките процеси во организмот, што доведува до забрзување на дигестивниот систем. Затоа е многу важно редовно да се консумираат омега 3 масни киселини, чија најголема концентрација има во рибите како лососот и туната. Неодамнешните студии покажаа дека пиењето ладна вода пред и после јадење на овие риби може да го поттикне телото да согорува до 400 калории дневно. Ако не сте љубител на туна или лосос, можете да земате и омега 3 во форма на таблети.

ИЗБЕГНУВАТЕ ВЕЖБИ ЗА СИЛА
Мускулите имаат големо влијание врз согорувањето на калориите, бидејќи во текот на денот трошат многу повеќе калории отколку маснотии. Колку подобра мускулна маса имате, толку повеќе калории ќе согорите, дури и во мирување. Најбрзиот начин за градење мускули е тренингот за сила, кој исто така ќе придонесе за здравјето на вашите коски. Резултатите ќе ги почувствувате многу брзо, бидејќи вежбањето ќе влијае на вашето целокупно здравје и сила, кои ќе бидат на повисоко ниво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *