Ова се грешките поради кои се будите навечер: Познати се причините за НЕСОНИЦА и како да си помогнете

Петте најчести грешки поврзани со пиењето кои луѓето ги прават во зрелоста – влијаат на спиењето, концентрацијата, будењето, метаболизмот.
Ако имате над 50 години, веројатно веќе сте свесни за промените во телото, метаболизмот, здравјето… Варењето и чувството за вкус на храната стануваат поинакви, килограмите полесно се „лепат“ од порано, а ова се навиките кои вие треба да обрнете внимание дали уживате во повремена чаша од вашиот омилен пијалок.




Експертите велат дека и неколку чаши вино ќе не „удираат“ како чекан ако сме постари од 50 години, а ова се други навики поврзани со конзумирање алкохол на кои треба да внимавате.
Пиеш секој ден.
Ова е исклучително штетно за здравјето, не само поради алкохолот кој е фатален за црниот дроб, туку и поради внесениот шеќер.
„Дури и алкохолните пијалоци кои не содржат шеќер може да доведат до зголемување на телесната тежина, запомнете дека алкохолот е течна калорија без протеини, масти и влакна. Нема состојки кои ќе направат да се чувствувате сити, а колку повеќе пиете, толку повеќе ќе мора да се јаде“, предупредува диететичарот Меган Рузвелт.




Пиеш навечер
Таа предупредува дека поради алкохолот ќе се чувствувате повеќе уморни, а тоа штетно ќе се одрази на квалитетот на сонот.
„РЕМ фазата, во која телото најмногу се одмара и се обновува, ќе биде загрозена со консумирање алкохол“, изјави диететичарот.
Пиете слатки сокови




Нашите когнитивни функции опаѓаат со текот на времето, а шеќерот е нивниот голем непријател.
„Студиите покажаа дека високиот внес на додаден, рафиниран шеќер доведува до дополнително опаѓање на когнитивните функции“, предупреди диететичарот Лејси Нго.