ГО СЛАВИМЕ СВЕТИОТ АПОСТОЛ ФИЛИП:ДЕНЕС КАЖЕТЕ ЈА ОВАА МОЛИТВА ЗА ЗДРАВЈЕ И СПАСЕНИЕ

ГО СЛАВИМЕ СВЕТИОТ АПОСТОЛ ФИЛИП:ДЕНЕС КАЖЕТЕ ЈА ОВАА МОЛИТВА ЗА ЗДРАВЈЕ И СПАСЕНИЕ




Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 октомври.
Православните верници денес го одбележуваат светиот апостол Филип, со потекло од Кесарија (денешна Палестин) кој целиот свој живот проповедал христијанство и ги описмнувал сите оние кои сакале да учат, без разлика на вера и националност.




Апостол од Седумдесетте. Родум од Кесарија Палестинска. Беше женет и во бракот му се родија четири ќерки, сите четири со дар на пророкување и сите четири заветувани девици Христови. Кога светите апостоли избираа ѓакони, тогаш беше избран и Филип, покрај Стефан и останатите. Тој со голема љубов и внимание им служеше на сиромашните и на вдовиците.




Кога настана гонењето на христијаните во Јерусалим, светиот апостол Филип се засолни во Самарија и таму го проповедаше Евангелието и Го сведочеше Бога со многубројни чуда и изгонувања на демони, со исцеленија на болни итн. Кога ги виде чудата на апостолот, се крсти и прочуениот волх Симон. Свети Филип го крсти и евнухот на царицата Кандакија.




Потоа, Ангел Божји во истиот миг невидливо го пренесе во Азот, кадешто оттогаш поучуваше и проповедаше и мнозина ги обраќаше кон Христа. Беше поставен за епископ во Лидија каде што крсти многумина. Се упокои мирно во длабока старост.




Денеска светот дава богатство и штити од напасти, затоа на денешен ден треба да се молите на Свети апостол Филип, да го моли милостивиот Бог да ги опрости гревовите.




Со реченицата: Апостоле, свети Филип, моли го милостивиот Бог да ни ги опрости гревовите на нашите души.