Научниците открија: Видот на кафе што го пиете кажува многу за вашата личност

Научниците открија: Видот на кафе што го пиете кажува многу за вашата личност.
Нема да верувате.
Околу 1.000 мажи и жени учествуваа во две студии спроведени од психолозите Кристина Сагиоглу и Тобијас Грајтемајер.
Тие заклучија дека луѓето кои уживаат во горчливите вкусови имаат карактеристики на асоцијални личности.
Од испитаниците беше побарано да напишат колку уживаат во слаткиот, киселиот, солениот и горчливиот вкус.

Потоа им бил даден тест на личноста за да се утврдат симптоми на асоцијално однесување како што се агресија, манипулација, психопатија и присуство на нарцизам и секојдневен садизам.
Истражувачите забележале јасна врска помеѓу асоцијалните тенденции и претпочитањето на горчливите вкусови.
– Резултатите од двете студии ја потврдија хипотезата дека овој феномен е поврзан со одредени особини на личноста, пред се со садизам и психопатија – се наведува во студијата.

Учесниците кои избрале горчливи вкусови, како што се црно кафе, газирана вода, ротквици и целер, покажале поголема склоност кон асоцијални особини од оние кои избирале слатки.
Претходните студии на многу социолошки истражувачи покажаа дека постои директна врска помеѓу она што го јадете и како другите ве гледаат.

На пример, една студија заклучи дека луѓето кои сакаат слатка храна веројатно ќе се гледаат како учтиви и убави во очите на другите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *