ПРОЈА СО ГРАВ: Две традиционални и домашни јадења во едно – послужете ја со тврдо сирење и пршута!

ПРОЈА СО ГРАВ: Две традиционални и домашни јадења во едно – послужете ја со тврдо сирење и пршута!
Старо јадење во ново руво.
пројата е еден од наједноставните и највкусните домашни специјалитети , а домаќинките ја сакаат затоа што во неа можат да стават сирење и омилениот зеленчук, а вкусот ќе биде неодолив во секоја комбинација. Пробајте уште еден нов рецепт за проја со грав. Веруваме дека ќе бидете воодушевени на првиот залак. Добро оди со мезе. Послужете го со сирење и пршута.

  • Состојки
  • 450 гр варен грав
  • 3 јајца
  • 50 мл маслиново масло
  • 100 гр јогурт
  • сол, лута црвена пиперка, магдонос
  • 150 гр фета сирење
  • 100 гр пченкарно брашно
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • путер
  • сусам
  • Подготовка :
    Сварениот грав процедете го во цедалка и истурете во сад. Додадете ги јајцата и маслиновото масло и убаво измешајте со рачен миксер. Додадете јогурт, сол, лута црвена пиперка и фета сирењето и убаво измешајте. Додадете ги магдоносот, пченкарното брашно и прашокот за пециво и повторно измешајте. Плехот премачкајте го со путер, посипете со сусам и прелијте ја смесата. Печете 40 минути на 170°C. Кога е готово, превртете го наопаку, така што сусамот е одозгора.

    Leave a Reply

    Your email address will not be published. Required fields are marked *