Појадок на нашите БАБИ: ПИТУЛИЦИ со сирење за само ДЕСЕТ минути!

Ова древно јадење на нашите баби е идеално како оброк за почеток на нов ден
Појадок на нашите БАБИ: ПИТУЛИЦИ со сирење за само ДЕСЕТ минути!




Питите со сирење на различни начини се идеален избор за појадок, но доколку ви е малку време, како одлична замена можат да ви послужат питите кои ќе ги пржите во тава.




Рецептот за ова јадење го користеле и нашите баби, а главната предност беше што се подготвува многу побрзо од класичната гибаница.




За само десет минути на масата ќе има неодоливи пипиљи, мирисни и вкусни, кои заедно со јогурт или млеко прават совршен оброк за почеток на новиот ден.
Состојки:
- 500 гр тенка кора за пита
- 250 гр полномасно кравјо сирење
- 2 јајца
- лажица масло
- 1 дл масло за пржење
Подготовка:




Изматете ги јајцата со сирењето во пенеста маса. Додадете една лажица масло. Корите за пита исечете ги на половина по должина и филувајте ги. По целата должина на секоја кора распоредете фил од сирење, свиткајте ги краевите да не истече филот и виткајте како ролат.