ШТО ДА НАПРАВИТЕ КОГА ВОДАТА ДОДЕКА ВРИЕ ВИ КАПИ НА ШПОРЕТОТ:Само со една СОСТОЈКА решете го проблемот засекогаш

ШТО ДА НАПРАВИТЕ КОГА ВОДАТА ДОДЕКА ВРИЕ ВИ КАПИ НА ШПОРЕТОТ:Само со една СОСТОЈКА решете го проблемот засекогаш




Сите се мачиме и готвиме јадења кои не смееме да ги оставиме без надзор бидејќи во секој момент може да зовријат. Постои мал кујнски трик кој го олеснува готвењето во тенџериња.




На сите му се случило барем еднаш да го свртат грбот на секунда, а водата од тенџерето во таа секунда да зоврие на шпоретот. Наместо постојано да стоите покрај шпоретот и да ја намалувате топлината, испробајте го овој трик.




Една жена на социјалните мрежи открила одличен начин како да го спречи тоа, а се што ви треба е МАСЛО.




Таа го сподели трикот на својот профил на TikTok, кој брзо собра два милиони прегледи и стотици коментари. Трикот ќе го спаси шпоретот бидејќи ќе спречи прекумерно излевање на вода. Се што треба да направите е да ставите малку масло за јадење на хартиена крпа и да го истриете на внатрешниот раб на тенџерето.




Следбениците преку коментарите веднаш се заблагодарија за овој генијален трик, а многумина напишаа дека навистина функционира.




Секој ден учите нешто ново, ова ми се допаѓа и ќе го пробам“, напишал еден корисник.




„Ова навистина може да функционира“, коментира друг.
Некои прашаа дали трикот работи со некое масло, на што Шван, која го сподели трикот на својот профил, одговори дека навистина делува со кое било, т.е. маслиново, растително и кое било друго масло, ќе ја задржи водата и ќе спречи вриење од тенџере.