Направете го најдобриот СОС ПЕСТО: Се подготвува по ОРИГИНАЛЕН рецепт од свежи состојки

Направете го најдобриот СОС ПЕСТО: Се подготвува по ОРИГИНАЛЕН рецепт од свежи состојки.
Рецептот за оригиналниот сос од песто.




Состојки:




Подготовка




Прво, лесно напечете ги боровите ореви за дополнителен вкус и текстура. Во загреана тава ставете ги боровите ореви и потпечете ги од сите страни. Не ми требаше дополнително масло, бидејќи боровите се мрсни сами по себе.
Сите сирења што беа потребни за песто сосот купете ги на парчиња и изрендајте ги. Исто така, подобро е да се сомеле пиперката пред употреба отколку да се користи веќе мелена, а истото важи и за овие сирења, пишува Savory Trips.
Измешајте го лукот со малку маслиново масло.
Лимонот добро измијте го и чувајте го во вода најмалку 30 минути. Кога ќе ја изрендате кората, исцедете го самиот лимон бидејќи дефинитивно ќе ви треба за сос од песто. И на крај многу маслиново масло и малку сол.
Откако ќе го подготвите сето ова… можете да ставите сè освен маслото во блендер и да изблендирате. Додадете го маслиновото масло постепено додека не ја добиете потребната густина.
Совети




Наместо пекорино сардо, кој има силен вкус, можете да ставите било кој друг пармезан.
Боровите ореви, кои се прилично скапи, а навистина ви се потребни за овој рецепт, може да се заменат со бадеми, ореви и ф’стаци, па дури и со суви домати. Опцијата со ф’стаци е одлична.
Босилекот можете да го замените со спанаќ, коријандер (но ќе има појак вкус) или магдонос. Можете да додадете и нане, но тогаш тоа не е оригиналниот песто сос.




Можете да направите и кремаста варијанта со додавање малку сирење маскарпоне или крем сирење или швабиско сирење и да го направите со шпагети.
Во тавче загрејте малку крем за готвење, додадете една или две лажички сос од песто и убаво измешајте. Добиениот сос прелијте го врз тестенините по ваш избор, а можете да додадете и малку месо.