Рецепт за домашни наполитанки: Морате да го пробате уште денес!

Денес ви споделуваме рецепт за вкусни домашни наполитанки кој е толку едноставен за подготовка! Освен тоа, овој рецепт е вистински избор за сите оние кои се љубители на сувите колачи.

Рецепт за домашни наполитанки: Морате да го пробате уште денес!

Потребни состојки:

  • 300 грама млечно чоколадо
  • 370 грама сварено кондензирано млеко или слатка павлака
  • 250 грама мешавина од јаткасти плодови
    обланди (2 кори)
  • Начин на подготовка:

1. Растопете го чоколадото, додадете го млекото и убаво измешајте.

2. Додадете ги јаткастите плодови и убаво измешајте.

3. Во калапот за колач ставете една обланда, намачкајте ја со смесата од чоколадо и јаткасти плодови и покријте ја со другата обланда. Оставете го калапот во фрижидер да отстои неколку часа. На здравје!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *