Медицинска САЛАТА И АПЕТИТКА:Рецептот од БАБА за ЗИМНИЦА што мора да ја пробате

Медицинска САЛАТА И АПЕТИТКА:Рецептот од БАБА за ЗИМНИЦА што мора да ја пробате
Медицинската салата е вашиот најдобар пријател во текот на зимските месеци.

Луткаста и вкусна, а ако не поднесувате луто, можи да се прилагоди количината на лути пиперки како во овој рецепт. Од оваа доза, се добиваат 6-7 тегли.
Состојки:

  • моркови 1/2 кг
  • везени пиперки 1,5 кг
  • благи тенки пиперки
  • 1 китка магдонос
  • 1 главица лук
  • За солило
  • 1 неполно филџанче сол
  • 1,5 филџанче шеќер
  • 500 мл вински оцет
  • 400 мл масло
  • 2 таблети аспирин
  • 1 пакетче конзерванс
  • Големина на филџанот е 150 мл

Подготовка:

Прво подгответе ја течноста за да може состојките да се растворат. Промешувајте повремено. Излупете ги морковите, подварете ги 10тина минути, нека подоладат и исечкајте ги на кругови. Потпечете ги пиперките кратко и исечете ги на парчиња или кругови.

Измијте го и исечкајте го магдоносот и лукот. Ставете ги сите овие состојки во длабок сад и добро измешајте. Потоа потурете ја подготвената течност. Измешајте сè добро и оставете ја салатата 24 часа.

Потоа наредниот ден соберете ја салатата во добро измиени и суви тегли и ставете ги на темно и суво место. Конзумирајте веќе по неколку дена. * Забелешка- не е задолжително да се испечат сите благи пиперки, можи пола потпечени, пола живи да се насечкаат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *