Руски исцелител откри „ЛЕК ОД СМРТ“: Ако сакате да живеете вечно, користете СПЕЦИЈАЛНО МАСЛО

Виталиј Островски, руски исцелител кој им помага на Русите да се вратат во природата и да бидат здрави – тврди дека постои комбинација од природни лекови со кои ќе живееме долго време

Има многу комбинации, а една од најмоќните е ѓумбирот и црниот ким.
Тоа е „лек од смртта“ и е едноставен, исто како што е многу едноставно одржувањето на самиот живот, тврди оваа руска алтернатива, која има милиони прегледи на своите емисии за здравјето на каналот Јутјуб.
– Ако сте родени во природни услови – природата ќе ве одржува и лекува. Ако сте родени во хемиски услови – ќе ве одржува и третира хемијата – вели Виталиј Островски.

За да го направите овој сок, потребни ви се елементарните услови кои треба да се исполнат.
Прво, маслото од црн ким мора да биде со сите микроелементи. Значи, советува Островски, кога ќе го купиме ова масло од нашите арапски соседи, треба да најдеме такво што има талог. Тоа ќе биде доволен знак дека не е целосно филтриран и лишен од микроелементи. Се разбира, мора да биде ладно цедено.

– Маслото што е рафинирано е неупотребливо, бидејќи во него е убиено се што било живо. Маслото што го купуваме евтино (сончогледово) е смрт за нас. Па да, нè има многу, а ако не намалат – ќе има помала гужва во автобус и метро – саркастично вели Островски.

Како да пиете?
Доколку сакате да живеете безгрижно, далеку од смртта, оваа смеса треба да ја пиете три пати на ден, по една лажица месечно. Можете исто така да го земате во фази, двапати годишно по еден месец секој ден, на пример во пролет и во есен.Како се подготвува?

Ѓумбирот треба да биде органски. Овие две природни нешта се спојуваат. Ѓумбирот се ренда, се филтрира и се меша во истиот сооднос со маслото од црн ким.

Ако сакате да живеете „вечно“ – тогаш пијте постојано секој ден. Зошто оваа напивка е посилна од смртта? Виталиј Островски одговара:

– Затоа што го одржува жолчното кесе здраво и подготвено, а ако жолчното кесе е здраво, се е здраво. Нема болест и рак. Со овој напиток секојдневно се чистат цревата од разни паразити и организмот е здрав и може да издржи долго време.

Како ја отстранува седата коса?
Тој не е моќен само за внатрешниот ред и здравје. Кога сакате да се ослободите од седата коса, Островски вели дека треба да го триете скалпот по косата и по косата 500 пати.

– Тоа е стар кинески рецепт што го слушнав од моите пријатели будисти – вели тој.
Вистинската комбинација
Виталиј Островски никогаш не ги наметнува своите здравствени совети. Секогаш вели дека тоа го прави така и дека му одговара, а ние се трудиме да ја најдеме вистинската комбинација за нас.

Ѓумбирот има моќ да влијае на фоликулите на косата, а црниот ким го поттикнува растот и ги убива штетните микроорганизми.
Ако веќе сте го направиле овој моќен сок, тогаш користете го за масажа на носот, надворешно на лицето и делумно внатрешно, во ноздрите.
– На овој начин ќе го исчистите носот и првиот дел од респираторниот систем од натрапниците, каде што влијанието на несаканите гости е најсилно – вели Островски.
После тоа, внатрешноста на носот треба да се намачка со малку масло од маточина и вазелин. Ако го правите ова редовно – никогаш нема да „фатите“ вирус или грип или други непријатели кои преку нос влегуваат во нашиот „простор“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *