ОДЛИЧНА ЗАМЕНА ЗА ЛЕБ: Направете „селска проја“ со само 3 состојки

ОДЛИЧНА ЗАМЕНА ЗА ЛЕБ: Направете „селска проја“ со само 3 состојки
Вистинското јадење се прави од само три состојки: крупно мелено пченкарно брашно, сол и вода без додавање сирење, месо и слично.

Без разлика дали сте чувствителни на глутен или едноставно сакате да живеете поздрав живот и не сакате да јадете бело брашно – направете проја по стар рецепт:

Неопходно е:

  • 400 гр крупно мелено пченкарно брашно
  • 220 мл млака вода (во која е измешано 1/2 кесичка прашок за пециво)
  • 1 мала лажичка сол

Вистинското јадење се прави од само три состојки: крупно мелено пченкарно брашно, сол и вода без додавање сирење, месо и слично. Еве еден од рецептите за вистинска селска проја.

Подготовка:
Истурете млака вода со мешан прашок за пециво во брашното и додадете една кафена лажичка сол. Масата треба да биде малку погуста од тестото за палачинки. Сето тоа измешајте го со блендер и истурете го во тавче подмачкано со маснотии (ако постите наместо маснотии користете растително масло) и ставете го во загреана рерна, на 230 степени Ц, околу 15-20 минути, т.е. , додека на површината не се формира темно кафеава кора. Испечената проја попрскајте ја со вода, покријте ја со кујнска крпа и оставете ја да се излади. Изладената проја исечкајте ја на коцки или триаголници и послужете ја наместо леб, со сарма, подварак, полнети пиперки или ронлива во јогурт или кисело млеко.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *