Николовски:Ние понудивме 5 мерки и тие од тие мерки власта не прифаќа за жал ниедна

Ние понудивме 5 мерки и тие од тие мерки власта не прифаќа за жал ниедна, и гледаме со какво фијаско и со каков колапс се соочува економијата. Она што ние го кажавме во јавност ништо не е реализирано. Прва мерка предлагаме ноќните вишоци и вишоците на произведена струја од ЕЛЕМ во текот на викендите да се дадат на македонското стопанство, тоа може со одлука на ЕЛЕМ и влада и тука нема потреба од закон, изјави Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ за „Тема на денот“ во дневникот на Сител.

Николоски во однос на недела неработен и критиките од синдикатите посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не бара да нема слободен ден, туку слободен да се избере некој друг за да може во недела компаниите да користат поевтина струја и да не пропадне стопанството.

– Во однос на слободен ден ние рековме, да може било кој ден да не се работи, работодавачот да одбере кој ќе биде, да има неработен ден, но да не е недела за да е поевтина струјата. Од синдикатите треба да се свесни дека ако останат вакви работите, ќе мора да излегуваат на улица затоа што стотици илјади нивни членови ќе останат без работа затоа што компаниите нема да може да плаќаат, ќе затворат компаниите, рече Николоски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ предлага викенд без ДДВ затоа што во продавниците основните производи се зголемени од 50 до 100%, тоа сите го знаеме.

– Исто така предлагаме одложување на скалестиот данок, затоа што тоа директно ќе удри по фирмите и по граѓаните. И ослободување на благајничките записи од Народна банка со цел т.н. евтини пари да влезат во стопанството и тоа да се задвижи. Мора да сфатат сите дека ако не го задржиме стопанството во кое работат околу 680.000 луѓе ќе колабира државата, истакна Николоски

Николоски потенцира дека ако тие не работат тие 680.000 луѓе нема да земаат плата, потоа вработените во јавната администрација нема да земаат плата бидејќи ќе нема кој да плаќа даноци, пензионерите нема да може да земаат пензии и ќе колабира државата, а за жал од власта не преземаат ништо.

– ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи мерките кои што се во корист на граѓаните, кога ќе дојдат во Собрание ние ќе гледаме една по една мерка и ќе се изјасниме за да не се случуваат манипулации. На пример задолжувањата се манипулативни, не кратат од дискреционите овластувања, продаваат евтина пропаганда за намалување на плати во одредени сектори на администрација, ама не сакаат да намалат од скоро 700 милиони евра кои ги има Генералниот секретаријат кои ги има како дискреционо право на трошење оваа година. Двајца поранешни генерални секретари на оваа влада на СДСМ и ДУИ се пред суд заради криминал и продолжуваат да им оставаат по 700 милиони евра годишно. Оттаму да скратат цела криза ќе се реши, изјави Николоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *