Старинска прженица: Суви пиперки со јајца и пченкарно брашно

Старинска прженица: Суви пиперки со јајца и пченкарно брашно
Подгответе вкусен оброк со суви пиперки на прав старински начин. Примамлив вкус и арома што ве враќа назад во времето. Оние што немаат пробано веднаш ќе го засакаат.

  • Состојки:
  • 8 суви пиперки
  • 4 јајца
  • 4 лажици пченкарно брашно
  • 1 лажичка чили во прав (или лут буковец)
  • 3 – 4 лажици млеко
  • сол по потреба
  • црн бибер
  • масло

Начин на подготовка:
На пиперките отстранете им ги семките и ставете ги да се обарат (околу 7-10 минути).
Потоа отстранете им ја лушпата и исецкајте ги на покрупни парчиња.
Јајцата изматете ги и во нив додајте го брашното, чилито и млекото. Посолете и наросете малку црн бибер. Измешајте убаво.

Во тава на оган ставете масло и додајте ги пиперките. Кратко пропржете ги и додајте ја смесата со јајца и брашно. Промешајте и пржете додека зарумени.

Испржената смеса послужете ја со топло лебче и чаша јогурт.

На здравје!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *