Денеска е Покров на Пресвета Богородица-Го славиме ЧУДОТО што се случило на денешен ден.

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 октомври.
Денеска е Покров на Пресвета Богородица-Го славиме ЧУДОТО што се случило на денешен ден.




Настанот што го слави Црквата денес се случил на 1 октомври 911 година, на едно бдение во Богородичната влахернска црква во Цариград. Црквата била полна со народ. Меѓу народот бил и свети Андреј Јуродивиот со својот ученик Епифаниј. Во четири часот ноќта над народот се појавила Пресвета Богородица со распослан омофор со кој го покривала целиот народ. Била облечена во порфира и блескала со неискажлив сјај, опколена од апостолите и светителите.




Гледајќи го јавувањето, свети Андреј му рекол на Епифаниј: “Ја гледаш ли, брате, царицата и господарката над се, како се моли за целиот свет?” Во чест на тоа јавување и се востанови овој празник. Но, овој празник е само потврда или симбол на славењето на Пресвета Богородица, како заштитничка на целиот православен народ, бидејќи нејзиното заштитништво се покажало многупати и пред овој настан. Тој е потврда, пред се, за нејзиното молитвено застапништво за нас луѓето пред престолот на Троичниот Бог.
Покров на Пресвета Богородица, 14/1.X
Празник посветен на вечното покровителство на Мајката Божја




Овој празник е во врска со почитувањето на Пресвета Богородица како заштитничка и покровителка на сите христијани. Настанот што се празнува на 1 октомври (с.с.) се случил на овој ден 911 година за време на цар Лав Мудри (Филозоф). Тогаш за време на ноќното бдеење во црквата посветена на Богородица во Цариград, кога била преполна со народ, во четвртиот час по полноќ се појавила Богородица со покрив во рацете. Блеснала во сјај придружена од апостоли, светци, маченици и девици. Со покривот го покрила целиот народ за по нејзиното исчезнување да исчезне и покривот оставајќи им благосостојба на тие што тука се нашле во тој момент.




Празникот Покров на Пресвета Богородица е востановен во спомен на овој настан, но и да потсетува на постојаното покровителство на Пресвета Богородица и помошта што таа им ја дава на сите што се молат искрено.