ТРАДИЦИОНАЛНА ЗИМНИЦА:Вистинско време е за „ПЕЧИ-ГМЕЧИ“ ,вака ги подготвуваа нашите БАБИ и МАЈКИ

Токму така го правеа нашите мајки и баби, а самата процедура е прилично едноставна.




Железната пиперка е незаменлив дел од секоја зимска кујна. Вака подготвена, пиперката останува цврста и крцкава, малку зачинета и е совршен додаток на секое јадење. Токму така го правеа нашите мајки и баби, а самата процедура е прилично едноставна, важно е само да изберете месни и свежи пиперки кои немаат никаква штета на себе.




Состојки:
- 5 кг црвени месни пиперки
- 500 мл масло
- 200 гр сол
- 100 гр шеќер
- 500 мл оцет
- 2 глави лук
- 1 лажичка зрна бибер
- еден куп магдонос
Подготовка:
Пиперките добро измијте ги, извадете ги семките и исечете ги на дебели ленти. Наредете еден ред во длабок сад, па посипете ги со шеќер и сол, прелијте со масло и оцет, па одозгора наредете уште еден ред пиперки и повторете ја постапката додека не го потрошите целиот материјал. Оставете ги да отстојат неколку часа, или преку ноќ.




Одвреме-навреме мешајте ги, сите пиперки да бидат убаво покриени со смесата за зачини. Кога пиперките ќе омекнат, наредете ги во поголеми, претходно стерилизирани тегли, а меѓу нив ставете чешниња лук, зрна бибер и магдонос. Секоја тегла наполнете ја со течноста што останала од пиперките, притиснете со сребрено ренде, затворете ги капаците и ставете ги на темно и ладно место.