РАЗВОД ВО 10-ТА ДЕЦЕНА: 99-годишен дедо се разведува од три години помладата сопруга откако ја пронашол оваа работа во ФИОКА (ВИДЕО)

По 77 години брак решил да стави крај на заедничкиот живот
Иако разводите се почести кај помладите, дедото Антонио Ц решил да се разведе од три години помладата сопруга на 99 години, бидејќи нашол докази дека таа го изневерувала пред 60 години.

Антонио пронашол љубовни писма во фиока што неговата сопруга му ги напишала на својот љубовник во тоа време. Тој решил да ја соочи со доказите, а таа му ја признала аферата. Го молела да не се разведува, бидејќи заедно се речиси 80 години.

Иако е свесен дека тоа било одамна, Антонио не можел да го преболи неверството на сопругата, па решил да започне развод. Сè уште легално брачниот пар има пет деца, 12 внуци и едно правнуче.
Роза и Антонио, наводно, се запознале во 1930 година додека тој служел како дел од италијанските карабинери – вооружените сили во Неапол, од каде што е таа.

Кога нивниот брак ќе заврши, тие ќе станат најстариот разведен пар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *