Совети за среќен брак!

Совети за среќен брак!

Понекогаш е добро да ги слушаме поискусните од нас. Кога станува збор за љубовта, не е лошо да внимавате на советите на оние кои со години се во среќни и стабилни врски. Ако сте на почеток на врска или брак, ако сте загрижени за одредени работи, ако не знаете дали правите се како што треба, можеби советите на оние кои биле во среќни бракови кои траат 20 години или повеќе ќе ви помогнат. Подолу избравме неколку од нив.

Не престанувајте да ги правите малите нешта што ги правевте заедно кога првпат почнавте да се забавувате. Сакавме да танцуваме и сега сè уште наоѓаме време да танцуваме заедно, дури и ако е само во кујната додека ја подготвуваме вечерата. (Во брак 22 години)

Клучот за нашиот брак е тоа што научивме кога да се повлечеме и да и дадеме простор на другата личност. За време на расправија, во одреден момент доаѓате до состојба каде што е најдобро да се оддалечите и да се разладите. Ако продолжите да се расправате, ќе има експлозија. (Во брак 21 година)
Кога ќе стапите во брак, важно е да останете индивидуа. На крајот на краиштата, тоа е она што го привлекло вашиот сопружник кон вас. (Во брак 22 години)
Често стресот е причина за расправии и лесно е да го обвините вашиот партнер за проблемот. Наместо тоа, научете да препознавате што навистина ве мачи и обидете се да не се нафрлате на другата страна. (Во брак 32 години)

Се трудиме да останеме учтиви еден кон друг. Овде има многу комплименти и благодарност. Најбитни се малите нешта (Во брак 20 години)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *