Поучна приказна која ќе ви ги отвори очите… ако верувате во бога прочитајте!

Ви споделуваме една поучна приказна со цел да ги осознаеме вредностите на нашиот живот.
Јас: Господе, може да те прашам едно прашање? Бог: Секако Јас: Зошто дозволи толку многу работи да ми се случат денеска? Бог: Што сакаш да кажеш? Јас: Па,се разбудив утрото доцна.. Бог: Да

Јас: Мојата кола не можеше да запали Бог: Добро Јас: За ручек ми направија погрешен сендвич и морав да чекам Бог: Хммм Јас: Кога се враќав накај дома,ми се исклучи телефонот баш кога сакав да се јавам

Бог: Во ред Јас: Згора на тоа, сакав да си ги релаксирам нозете со новиот масажер, но не работеше. Сега кажи ми, зошто се случија такви работи денес? Бог: Да видам, ангелот на смртта беше во твојот кревет утрово и морав да пратам еден ангел да се бори со него за твојот живот. Мораше да го преспиеш тоа.
Јас (понизно): Ох.. Бог: Не дозволив да запали твојата кола бидејќи имаше пијан возач на твојот пат кој ќе удреше во тебе на патот. Јас: (посрамено) Бог: Првата личност која ти направи сендвич денеска беше болна и не сакав да се разболиш од истото и ти, знам дека не можеш да изостанеш од работа.,

Јас (благодарно):Добро Бог: Телефонот се исклучи бидејќи личноста која те бараше сакаше да земе лажна изјава од тебе со тој повик, но вака беше покриен… Јас (нежно): Сфаќам Господе Бог: А за тој масажерот за нозе, не работеше бидејќи имаше краток спој ,и ќе ја исклучеше сета струја во куќата, и не сакав да седиш во мракот… Јас: Извини Господе
Бог: Не жали, туку научи да Ми веруваш…. Во сите работи, Добри или Лоши. Јас: Ќе ти верувам. Бог: И не се сомневај дека Мојот план е подобар од твој план за денеска. Јас: Нема Господе. Само да ти кажам,благодарам за се денеска Господе. Бог: Повели и другпат, дете. Секој ден сакам да се грижам за моите деца… -Бог е добар!
Верувале или не луѓето што веруваат во Бог се посреќни. Многу истражувања на различни центри покажале дека луѓето кои веруваат во Бог се посреќни од оние кои не веруваат. Во продолжение и неколку причини за нивната среќа.
-Луѓето што веруваат во Бог помалку се грижат за сите нешта кои им се случуваат бидејќи знаат дека не се сами и дека Бог се грижи за нив. „Молитвата е еден од главните клучеви за среќа. Луѓето кои се молат остваруваат духовна врска со Бог која им дава сила, мира, надеж. Молитвата ги насочува да бараат помош од Бог, ги ослободува од стресот и им дава небесен мир.

-Луѓето кои веруваат во Бог се посреќни бидејќи љубовнта Божја делува на нив. „Помагањето на други луѓе и правањето на добри дела ги исполнува и прави посреќни. Несебичноста е еден од условите поради кои се многу посреќни. Тие знаат дека Бог ги води и чува во текот на нивниот живот.
-Ослободени од чувството на вина и теретот на гревот кои ја заробтуваат душата. Бог е извор на нивната среќа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *