Рецепт за Македонска селска тава

Рецепт за Македонска селска тава.
Вкусно и економично јадење: може да го јадете два дена, а вкусот е феноменален!

Селско месо е Македонско традиционално јадење, кое се прави на различни начини зависи како семејствата го сакаат да го прават.Првиот ден можете да сервирате со некоја салата, а за вториот ден сварете ориз, тестенини или пире од компири.
Состојки :

  • 1 кг свинска удина
  • 5-6 главици кромид
  • 300 гр свежи печурки
  • 6-7 суви пиперки
  • 1 главица лук
  • 250 мл црно вино
  • 250 мл вода
  • 2 лажици свинска маст -сало

Во загреаното сало најпрво запржете го месото, исечено на коцкички.
Извадете го, ставете го во земјената тава во која ќе печете и во истата маснотија ставете го кромидот и лукот (цели чешниња), па и него запржете го десетина минути. Извадете го кромидот и ставете го кај месото. Истата постапка направете ја и со сувите пиперки и печурките.
Измешајте ги сите состојки, зачинете по вкус, турете го виното и водата, покријте ја со капак тавата, ако нема тогаш со фолија и ставете да се пече на 180 степени, отприлика 2 часа. Во текот на печењето, тавата се отвара по два пати, малку се мешаат состојките и се продолжува со печење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *