Преку ’’НОЌ„ добила милионска сума на нејзината сметка, сега ја чека ЗАТВОР

Австралјанката Теваманогари Манивел од Мелбурн требало да добие поврат од 100 долари од платформата за размена на криптовалути Crypto.com во мај минатата година, но на нејзината сметка по грешка ѝ биле уплатени 10,4 милиони долари, пишува Дејли меил.

Откако ја видела сумата, таа наводно почнала лежерно да ги троши парите, делејќи им ги на бројни пријатели и членови на семејството, вклучувајќи ја и нејзината сестра Тилагавати Гангадори. Австралијката дури ѝ купила на својата сестра вила вредна 1,35 милиони долари со четири спални соби, четири бањи, домашна теретана и кино.

Сепак, по седум месеци од нејзиниот нов раскошен начин на живот, рутинската ревизија на Crypto.com открила што се случило. Откако компанијата започнала правна постапка во февруари оваа година, Врховниот суд на државата Викторија пресудил во корист на Crypto.com во август.

Според приложените документи, евидентно било дека Crypto.com побарал враќање на парите од Австралијката, но дел од тоа е потрошено за куќата на нејзината сестра, а остатокот бил префрлен на други сметки. Австралијката наводно била вмешана во друго кривично дело поврзано со финансиска измама, а двете обвиненија со кои се соочува носат максимална казна од по 20 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *