Омлет со сирење и домати: Рецепт за ПОЈАДОК кој сите го сакаат

Омлет со сирење и домати: Рецепт за ПОЈАДОК кој сите го сакаат.
Сочен омлет со домати.




Состојки:
- 3 јајца
- 1 лажичка брашно
- 2 лажици млеко
- 100 гр полномасно сирење
- 2 домати
- 1 лажица масло
- сол по вкус
- бибер по вкус
Подготовка




Добро изматете ги јајцата со млекото и брашното. Зачинете со сол и бибер. Во тава загрејте го маслото и без мешање додајте ги јајцата. Од време на време, малку кревајте ги рабовите, но не вртете. Кога омлетот е готов, ставете го на чинија од печената страна.
На половина од омлетот посипете рендано сирење и исечканите домати. Поберете го. Преклопете го другиот дел од омлетот. Послужете топло.