Ја одбил хемотерапијата и го дочекал 102 роденден: Дедо ги надживеа докторите и го откри рецептот со кој се ослободил од болеста

Ја одбил хемотерапијата и го дочекал 102 роденден: Дедо ги надживеа докторите и го откри рецептот со кој се ослободил од ракот
Умрел од старост,а ракот кој му бил дијагнозиран пред повеќе од 45 години не постоел во неговото тело.

Кога докторите му дијагнозирале неизлечлив рак на белите дробови,тој се помирил со тоа дека ќе умре. Никој не ни помислил дека Стаматис ќе стане човек кој “BBC“ ќе го бара за чудесното лекување,за со него да направи интервју!

Во далечната 1976 година,девет различни доктори му кажале на Стаматис дека му останале само шест месеци живот,затоа требало веднаш да почне со хемотерапија.Но тој несакал да почне со хемотерапијата,и ја одбил,па се вратил во родниот остров Икарија,во Грција.
На самиот почеток почнал да страда од депресија,па бил по цели денови во кревет,а неговата сопруга и мајка се грижеле за него.
Еден ден му се вратила вербата во животот.Почнал активно да живее – во недела наутро се искачувал на брдото на кое се наоѓала грчката православна црква во која неговиот дедо бил свештеник.Со саати разговарал со неговите пријатели.

“Барем ќе умрам среќен” – повторувал Стаматис.
Нарените месеци се чувствувал посилен.Еден ден одлучил да засади своја градина,за да ужива во сонцето и свежиот воздух покрај море.

Поминале шест месеци,но тој не умрел.Наместо смртта,го пробал своето овошје,почнал да работи на своето лозје,цел ден го поминувал во природа.Сам на себе си подготвувал појадок со зеленчук од својата бавча.А, навечер играл домино во локалната кафана.
Годините поминувале,а тој бил се поздрав.
По 40 години од таквиот живот,ја доживеал 97 година и тогаш кога сфатил дека не умрел,одлучил да ги посети докторите за да провери што се случило.Пробал да ги најде истите доктори кои му предвидеа само 6 месеци живот,но дознал дека ги надживеал.
Стаматис умрел кога имал 102 години,среќен и здрав.Умрел од старост,а ракот веќе го немало во неговото тело.

“На болниот човек не му треба толку медицина колку што му е потребна верата,желбата и враќањето во природата.За здравје е потребна регенерација на телото и духот.Неговото родно место било познато по здравата храна,и жителите на тоа место немаат заболувања на срцето и рак.”- кажале научниците по овој необичен случај и заклучиле дека медитеранската храна одиграла клучна улога.
Девичанското маслиново масло,рукола,швајцарската блитва,јаглени хидрати,леќа,леб од житарки со цело зрно,оригано,магдонос и влашац се одлични намирници кои на островот Икарија секојдневно се користат,а црвеното месо таму не се јаде повеќе од еднаш неделно.

Рецепт за лекување на основа на животот во Икарија:
– Медитеранска диета
Да се јаде повеќе зеленчук,да се исфрли месото од исхраната.Домашно маслиново масло,семки,житарки,домашен леб од житарки,овошје,зеленчук и незаборавајте ја рибата.

– Многу чај
Домашниот чај има диуретични својства и може да ги исфрли сите отрови од телото.
– Одмор
Одмарајте кога сте уморни! Луѓето кои попладне одмараат 5 пати во текот на неделата имаат 35% помали шанси за кардиоваскуларни заболувања и помалку стрес.

– Бидете активни во природата
Пешачете,впивајте го сонцето морето или зеленилото.Работете,градете,садете и чувствувајте се корисно.
– Не брзајте со животот и ослободете се од стравовите и од стресот
Дружете се со пријателите и семејството,смејте се повеќе и не очекувајте ништо од животот.Едноставно препуштете се на убавината на животот.Доколку е можно преселете се во место без чад и отрови во воздухот.

“Живејте си го животот и заборавете на болеста.Живејте како воопшто да ја немате,како да не постои” – велел Стаматис и си дал себе уште 45 години,наместо прогнозираните 6 месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *