Одлични совети: Еден производ ќе ги остави вашите решетки за шпорет да блескаат чисти!

Одлични совети: Еден производ ќе ги остави вашите решетки за шпорет да блескаат чисти!
Има неколку дамки потврди од оние што ги оставаат остатоците од изгорена масна храна, така што чистењето на решетките на рерната може да биде макотрпно и напорно. Затоа група експерти и ентузијасти за чистење ги споделија своите врвни совети за чистење на решетките за рерната; и со само еден производ…

Имено, како што пишува Мирор, една жена се мачела со чистење на рерната, па решила да побара помош во Фејсбук група љубители на чистење, пишувајќи: „Поздрав до сите! Изнајмив веќе наместена и опремена куќа, а на решетките од старата фурна што ја оставија сопствениците веројатно има со години наталожена маснотија. Пробав сè за да ги исчистам; оцет и сода бикарбона, сок од лимон, течност за миење садови, прашок за перење и белило; но едноставно не можам да најдам што да го симнам“.

Групата брзо реагираше, многу од нив со исти совети кои се чини дека се „крајниот трик“ за како нови решетки. „Потопете ги во када со топла вода и таблета за миење садови“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Потопете ги решетките во када со таблети за машина за миење садови! Неверојатно!“ Паметниот трик набрзо подетално му бил објаснет на еден коментатор кој рекол: „Ставете ги во када, додајте топла вода и четири таблети за машина за миење садови.

Оставете ги апчињата да делуваат околу четири часа, а потоа проверете ги решетките; тогаш треба лесно да ги исчистите со четка или сунѓер, за да бидат сјајни како нови!“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *