Најубавите лиснати КИФЛИЧКИ: Се „ЛИСТАТ“ како зелка(РЕЦЕПТ)

Најубавите лиснати КИФЛИЧКИ:Се ЛИСТААТ „како зелка“
Исто како кога ќе исечете главица зелка и ќе извадите по еден лист, така и овие кифлички лесно ќе се „листат“ пред гостите на масата…




Состојки:
- 550 гр брашно
- 2 dl млеко
- 1 dl вода
- 1 dl масло
- коцка квасец
- лажичка шеќер
- 2 лажички сол
За полнење:
- 100 гр маргарин за премачкување
- 2 жолчки
- една лажичка сол
- 100 гр фета
Подготовка: Во млако млеко и вода додадете квасец, лажичка шеќер и лажичка брашно. Оставете го квасецот да нарасне. Во соодветен сад истурете го млекото со додадениот квасец, додадете масло и сол, измешајте, а потоа замесете тесто со брашно.




Покријте го тестото со крпа и оставете го да стаса 45 минути. За филот се матат маргаринот и жолчката и се посолува. Добиеното тесто поделете го на два дела, секој дел развлечете го посебно со сукало до дебелина од 3-4 мм. Растегнатото тесто покријте го со 1/2 од изматениот фил. Изгмечете го сирењето и посипете го врз премачканото тесто. Потоа расукајте го тестото. Исечете го тестото со плех направен од шолја за кафе или чинија. Тесниот дел треба да биде широк околу 2 см. Исечете го тестото така што еднаш тесниот дел да биде нагоре, па надолу, со цик-цак потези.




Ставете ги кифлите на плех обложен со хартија за печење. Вклучете ја рерната на 200 степени, а во меѓувреме оставете ги кифлите да нараснат. Кога ќе се загрее рерната, новите кифлички премачкајте ги со изматена белка и посипете ги со сусам или лен, а потоа ставете ги да се печат во загреана рерна околу 18 минути.