ЗДИВОТ ОД УСТА УКАЖУВА НА ОПАСНА БОЛЕСТ: Доколку го почувствувате ова, веднаш посетете лекар!

Непријатниот мирис од устата, при подригнување, може да биде знак за опасна болест.
Лошиот здив се јавува доста често – понекогаш е предизвикан од јадење ароматична храна како лукот, а понекогаш оваа појава открива други тегоби, па дури и болести. Такво, на пример, е воспалението на непцата , кое се карактеризира со акумулација на бактерии под спојот на забите и гингивата и доведува до силен непријатен мирис .

Но, доколку забележите дека после пождригнување се шири непријатна миризба и ако наликува на мирис на расипани јајца, се советува да го проверите здравјето на желудникот. Пождригнувањето е инаку нормална, безопасна појава – телото ослободува вишок гасови од горниот дигестивен тракт.
Овие гасови се произведуваат при разградување на храната, а еден од нив е водород сулфид. Дури и најмала количина од него дава мирис на расипани јајца и не е невообичаено понекогаш да го мирисате.

Меѓутоа, ако често може да се намириса подригнувањето, тоа е сериозен знак дека може да се развие некоја болест во телото . Можно е да се работи за бактериска инфекција како Helicobacter pylori, синдром на нервозно дебело црево или гастроезофагеален рефлукс – враќање на киселината од желудникот во хранопроводникот.

Оваа појава носи ризик од воспаление на слузокожата на хранопроводникот, затоа задолжително консултирајте се со лекар за да го отстраните секој сомнеж.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *