АКО ВЕЌЕ СПИЕТЕ ВО ЧОРАПИ, ВНИМАНИЕ: Експертите ја решија ДИЛЕМАТА, еве како тоа влијае на циркулацијата!

Конечно знаеме дали спиењето со чорапи е штетно или корисно за здравјето.




Температурите паднаа, значително е постудено, а многу луѓе воопшто не го очекуваат. Ако постојано „трeперите“, можеби ќе треба да се консултирате со лекар, особено ако вашите стапала постојано се ладни .
Сепак, спиењето со чорапи е брза опција кон која прибегнуваме, обидувајќи се да ја задржиме топлината што е можно повеќе. Постојат спротивставени мислења за спиење со чорапи – некои сметаат дека овој потег е лош за циркулацијата , додека новото истражување покажува спротивното.




Мар Де Карло, експерт за спиење, верува дека има неколку придобивки од спиењето во чорапи во текот на зимата. Чорапите можат да им помогнат на луѓето да заспијат побрзо и да спијат подолго преку процес наречен дистална вазодилатација. Резултатите покажаа дека носењето чорапи го зголемува протокот и циркулацијата на крвта.
Едно истражување, кое опфатило помал број испитаници, покажало дека оние кои носеле чорапи заспале околу 7,5 минути побрзо, спиеле 32 минути подолго и се буделе 7,5 пати помалку во текот на ноќта од оние кои спиеле боси.




„Пониските температури на телото се поврзани со поспаност, а доказите сугерираат дека користењето чорапи или други методи за загревање на стапалата може да ја намали телесната температура и да ни помогне да заспиеме побрзо“, велат експертите.Да потсетиме дека хирургот Армен Авакјан еднаш откри за кого оваа навика е фатална. Како што истакна, во некои случаи и кај одредени пациенти може да предизвика инфекции, па дури и некроза, односно смрт, гниење на ткивото. Затоа ги издвои оние кои во никој случај не смеат да си легнуваат облечени во чорапи .