Народни верувања: Што значи ако ви игра окото, усните, брадата…?

Народни верувања: Што значи ако ви игра окото, усните, брадата…?
Иако медицината поинаку ги опшува овие манифестации на телото, народните верувања се дека секое ни ја претскажува иднината.
Ако заигра:




Врвот на главата, надевај се на некоја добивка.
Чело, мора да извршуваш туѓи одлуки.
Тил, очекувај жална вест, но среќем крај.
Слепоочници, ќе слушнеш лош глас,
Веѓи, голема веселба.




Десно око, во работата ќе имаш успех.
Лево око, е знак на караница.
Горна усна, ќе дојдат непознати гости.
Долна усна, ќе успееш во плановите.
Двете усни, ќе се бакнуваш.




Брада, ќе доживееше радосна средба.
Зглоб на десната рака, до дланката, неуспех во работата.
Лев зглоб на раката, до дланката, ќе слушнеш радосна вест.
Стомак, голема добивка, успешна работа.
Раменици, од неволјата успешно ќе излезеш.




Ако те зачеша:
Носот, ќе бидеш лут
Брада, ќе бидеш среќен
Десна дланка, ќе даваш пари
Лева дланка, ќе примаш пари




Ако ти зуе:
Десно уво, ќе слушнеш добра вест
Лево уво, лоша вест